Надал: Не сакам да играм на земјени терени во ноќни термини

Рафаел Надал ги критикуваше организаторите на неговиот омилен грен-слем турнир „Ролан Гарос“, за мечевите на турнирот кои се играат доцна навечер.

„Не сакам да играм вечерни мечеви на земјени терени. Влажноста е поголема, и топчето се движи побавно, па условите може да бидат многу тешки, особено кога е студено времето. Има има голема разлика од играње во темница до играње преку ден“ – изјави Надал, кој утре на пладне треба да игра со Феликс Оже-Алиасим.

На „Ролан Гарос“, лани за првпат почнаа да се играат вечерни натпревари, откако на централниот терен „Филип Шатрие“ беа ставени рефлектори и се монтираше подвижен покрив.

Надал кој повеќе сака да игра на сонце, годинава само еднаш играше вечерен меч и извојува лесна победа, но средбата заврши нешто после 23 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести