Надал му помогна на Ѓоковиќ, Медведев нема долго да се задржи на прво место

Данил Медведев од понеделник ќе биде нов лидер на АТП листата на најдобри светски тенисери, Русинот првпат во кариерата ќе се искачи на врвот, но таму нема да остане долго, туку само две недели.

Веќе на 14-ти март, Ѓоковиќ ќе ја почне својата 362-ра недела како светски рекет број 1. Поразот на Медведев од Надал во Акапулко и неиграњето на Русинот во Марсеј (турнир кој го освои лани, па ќе загуби 250 поени), го прават невозможно неговото останување на првото место подолго од две недели.

Новак ќе биде прв до крајот на Мастерсот во Индијан Велс. Таму Ѓоковиќ не играше лани, па нема што да брани, а најверојатно нема да игра и годинава. Ако Ѓоковиќ се појави САД, извесно е дека ќе остане прв уште некое време. Медведев лани испадна уште во осминафинале и има шанса со добар резултат на Индијан Велс повторно да го преземе врвот, но само ако Ѓоковиќ не игра таму.

- Оглас -

Најнови вести