Надал на најубав начин го прослави 35-тиот роденден

Рафаел Надал со 3:0 во сетови го победи Ришар Гаске и се пласира во третото коло од гренслем-турнирот во Париз, популарниот Ролан Гарос. Шпанскиот тенисер е убедливо најтрофејниот на Ролан Гарос, а вечерва имаше посебен повод за славење по победата.

Надал денеска го прослави 35-тиот роденден и тоа го направи на одличен начин. Во првиот сет Шпанецот одигра силовито и го доби со 6:0. Вториот сет беше понеизвесен, а Гаске парираше до 5:5, но потоа Надал доби два гејма во низа за 7:5. Третиот сет беше рутински и фаворитот го доби со 6:2 за конечни 3:0 во сетови. Меѓу Надал и Гаске ова беше 17-ти меѓусебен меч и Шпанецот победил во сите 17 средби.

 

- Оглас -

Најнови вести