Надал не игра во Синсинати, се враќаат Ѓоковиќ и Федерер

Рафаел Надал ќе одмори по петтиот триумф во Монтреал и нема да игра на турнирот во Синсинати, но ќе учествуваат Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Двајцата асови го пропуштија Мастерсот во Канада, или популарниот Роџерс куп, а сите тројца се подготвуваат за последниот гренд слем во годината, Отвореното првенство на САД, кое ќе се игра од 26 август.

Надал се откажа поради замор, па ќе го пресконе Синсинати за да биде максимално подготвен за настап во Њујорк на „Флепинг Медоуз“.

Во Синсинати ќе играат и дамите, но и таму турнирот ќе биде посиромашен поради откажувањето на Бјанка Андрееску, која ја освои титулата во Торонто завчера, и финалиската Серена Вилијамс, која поради повреда го предаде мечот за титула во раната фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести