Рафаел Надал ќе игра финале на АТП 250 турнирот во шведски Бастад. За шпанската тениска легенда тоа ќе биде прво финале по она на „Ролан Гарос“ во 2022 година.
За Надал ова е 131-во АТП финале во кариерата. Тој го има освоено турнирот во Бастад во 2005 година, кога неговиот денешен противник во полуфиналето, Дује Ајдуковиќ, имал само четири години.
Хрватот кој првпат во кариерата играше полуфинале на АТП турнир, поведе со 1-0 во сетови, тргна со брејк во вториот сет, а тогаш Надал почна да игра многу подобро и вториот и третиот сет ги доби со 6-3, 6-4, па ќе има прилика за 64-та титула на земјена подлога.
Овој турнир во Бастад за Надал е генерална проба за Олимписките игри во Париз, каде истотака ќе се игра на земјена подлога.