Надал отворено зборува дека му е сомнително тоа што го прави Ѓоковиќ!

Новак Ѓоковиќ против Милош Раониќ е осминафиналниот дуел кој засега е неизвесно дали ќе се игра на Австралија опен, бидејќи Србинот не тренира и се жали на повреда. Светскиот рекет број 1 се сомнева дека има скинато мускулно влакно на стомакот и дека тоа нема да му дозволи да истрча на терен за следниот меч.

Популарниот Ноле во претходниот меч против Американецот Тејлор Фриц, на чудесен начин се извлече и успеа да победи со 3-2 во сетови. Најголемиот ривал на Ѓоковиќ, Рафаел Надал реши да ја искоментира целата ситуација околу повредата на Србинот, велејќи дека нешто тука му е сомнително.

„Не сакам да коментирам многу за други мечеви. Секако дека беше чуден меч, но не можам да имам мислење, затоа што не знам како Новак се чувствува. Два сета играше како да ќе го предаде мечот, а потоа во петиот сет одигра нормално. Чудно ми беше кога го гледав тоа. Најде начин и успеа да победи. Секоја чест“, рече Надал.

 

- Оглас -

Најнови вести