Надал пак е повреден, се откажа од настап во Бризбејн

Рафаел Надал има сè повеќе проблеми со повредите, а и денеска поради болка во бутниот мускул се откажа од настап на турнирот во Бризбејн.

Шпанецот беше рангиран како прв носител, но по прегледот, ренгентската снимка покажала повреда на бутниот мускул, што го принуди Надал да го откаже настапот на турнирот. Во корист е Жо-Вилфред Цонга, тенисер против кого Надал требаше да игра во осминафиналето, а сега ќе мине понатаму без игра.

Од последните 18 турнири на тврда подлога, Надал играше само на еден, што е симптоматично, според тениските експерти.

Омилена подлога на Рафа е земјената, но имаше успеси и на побрзите подлоги. Неизвесно е дали ќе успее да ја санира повредата пред учеството на првиот Гренд слем турнир во сезоната, во Мелбурн, на Отвореното првенство на Австралија.

Стартниот Гренд слем ќе се игра од 14-ти до 27-ми јануари.

- Оглас -

Најнови вести