Надал покажа зошто е 11-кратен првак, Вознијацки шокирана на стартот

Рафаел Надал немаше милост во мечот против Јаник Ханфман од Германија. Кваификантот не можеше во ниту еден момент да држи ритам со Надал. Шпанецот во првиот сет беше подобар со 6:2, вториот го доби уште поубедливо со 6:1, а во третиот ја заврши работата со 6:3 и за помалку од два часа се пласираше во второто коло.

Првото поголемо изненадување на женскиот дел од турнирот е елиминацијата на некогашната најдобра тенисерка Каролина Вознијацки. Данската тенисерка беше елиминирана од Вероника Кудерметова од Русија, иако првиот сет го доби Каролина Вознијацки со убедливо 6:0.

Во продолжение од мечот, Кудерметова заигра многу подобро и ги доби следните два сета со по 6:3 и се пласираше во второто коло.

- Оглас -

Најнови вести