Надал пресилен за Крајиновиќ

Рафаел Надал се пласираше меѓу осумте најдобрите тенисери на Индијан Велс откако славеше со 2-0 (6-3, 6-4) во сетови над српскиот тенисер Филип Крајиновиќ. На вториот светски рекет му беа потребни помалку од 90 минути за да обезбеди пласман во следната фаза од Мастерсот, а таму ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Џон Иснер и Карен Хачанов.

Надал уште на стартот стигна до брејк и брзо стигна до 3-0 во гемови, Србинот успеа да се врати на 3-2, но новиот изгубен сервис му овозможи на Надал да поведе со 1-0 во сетови. Третиот гем беше одлучувачки во вториот сет, по кој Надал со брејк поведе со 2-1, па до крајот го диктираше темпото, а за победа ја искористи втората меч-топка.

 

- Оглас -

Најнови вести