Надал признава: По повредата не знаев дали повторно ќе се вратам на теренот

Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на Австралија опен откако без многу проблем го победи Карен Хачанов. Шпанецот во Мелбурн атакува на рекордниот 21 трофеј на Гренд слем турнирите со што би ги надминал Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ, кои оваа година не настапуваат во Мелбурн.

Шпанскиот тенисер вели дека е задоволен што се вратил во форма по повредата на стопалото поради што минатата сезона ја заврши многу порано.

„Уживам секој ден. Денеска го одиграв најдобриот меч откако се вратив. Тоа е многу важно за мене и затоа сум среќен. Не знам до каде ќе стигнам, не размислувам предвреме за тоа. Пред еден месец не можев да тренирам повеќе од половина час, а сега сум тука, играм и уживам“, вели Надал кој додава дека имал сомнеж дали повторно ќе се врати на теренот.

„Сите околу мене беа скептични, не само јас. Не само за настапот на Австралија опен туку воопшто за враќање на тенискиот терен. Ја подобрив физичката подготвеност, играм добро и тоа е најважно“, рече Надал.

Следен ривал на Надал ќе биде Адријан Манарино.

- Оглас -

Најнови вести