Надал со одлука која му го олеснува патот на Ѓоковиќ до титулата во Њујорк

Рафаел Надал објави дека и официјално за него е завршена сезоната во 2021 година, а причина за тоа е повредата што повеќе од една година ја има на стапалото.

„За жал, морам да ја завршам сезоната за 2021 година. Искрено, веќе повеќе од една година имам проблеми со повредата на стапалото и едноставно е потребно да најдам конкретно решение за овој проблем доколку сакам да играм и во следните неколку години. Во текот на оваа година пропуштив неколку важни турнири, како што се Вимблдон, Олимписките игри, а сега и Отвореното првенство на САД“, рече Надал преку видеопорака на „Твитер“.

Оваа одлука на Надал да не игра на Отвореното првенство на САД му дава дополнителни шанси на Новак Ѓоковиќ триумфално да го комплетира и четвртиот гренслем-турнир во 2021 година.

 

- Оглас -

Најнови вести