Надал со тениска лекција за Циципас

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал не му даде никаква шанса на младиот Грк Стефанос Циципас во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралијан и стана првиот финалист на првиот гренд слем турнир годинава. Надал го растури Циципас со 6-2, 6-4, 6-0 и сега чека да види дали во финалето ќе се сретне со првиот носител Новак Ѓоковиќ или изненадувањето Лука Пуј од Франција.

По играта против Роџер Федерер, кога покажа квалитет и ментална цврстина, 20-годишниот Циципас веруваше дека може да направи сензација и против Надал, но не му одеше и доби лекција која долго ќе ја памети.

Надал нема загубено ниту еден сет на турнирот и во финалето влегува полн со самодоверба, веројатно против неговиот ривал Ѓоковиќ. Надал може да стане првиот маж во новата тениска ера кој успеал сите четири гренд слема да ги освои барем по двапати. Единствената титула на Рафа во Австралија беше пред десет години, а ова ќе му биде 25-тото гренд слем финале во кариерата.

„Се надевам дека можам да одиграм подобро и од ова“, се пошегува Надал по завршувањето на мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести