Надал веќе подготви алиби за евентуалниот неуспех на Ролан Гарос

Рафаел Надал е единствениот тенисер кој успеал дури 12 пати да триуфира на еден ист Грен слем турнир. Шпанскиот тенисер е вистински доминатор на Ролан Гарос. Новото издание на Отвореното првенство на Франција започнува утре, а Надал повторно е прв носител и секако главен фаворит.

Сепак, дека Надал можеби не е во шампионска форма се покажа на Мастерсот во Рим, каде Надал беше елиминиран многу порано од очекуваното, а Новак Ѓоковиќ се радуваше на турнирот кој е најава за Ролан Гарос. Непосредно пред почетокот на Грен слемот во Париз, Надал откри дека има проблем со топчињата кои беа сменети и сега се од друг производител.

„Во Мајорка тренирав со овие топчиња. Многу се бавни и не се добри за на земја. Организаторот мора да го има предвид здравјето на тенисерите, затоа што толку тешки топчиња се опасни за рамењата и лактовите. Сепак, тоа е што е и мора да се навикнеме на условите“, рече Надал, кој додаде дека и временските услови не се баш најпогодни „Многу е ладно. На утринскиот тренинг беше 9 степени. Ќе биде помалку екстремно да се игра на овој турнир“, заврши Надал.

Во првото коло од турнирот Надал за противник го има Егор Герасимов од Бугарија. Според распоредот, проценките се дека Ѓоковиќ има подобар распоред и полесни противници на патот до финалето.

 

 

- Оглас -

Најнови вести