Надал знае точно колку рекети скршил, и ги засрами конкурентите

Рафаел Надал во интервју за една американска телевизија, кажа дека никогаш во кариерата нема скршено рекет. Кршењето рекети во тенисот е прилично честа појава, тенисерите тоа го прават кога се многу нервозни и фрустрирани. Но, прворангираниот на светската АТП ранг листа не е таков.

„Точно ја знам бројката на рекети кои сум ги скршил. Нула. Моето семејство не би ми дозволило да направам такво нешто. За мене, кршењето рекети значи дека не можам да си ги контролирам емоциите“ – одговори Надал на прашањето дали знае колку рекет има скршено во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести