Надежите и со пораз стигнаа до полуфинале на ФИБА Челинџер купот

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години загуби од Швајцарија со сигурни 65:79 во третото коло од групите на ФИБА Челинџер купот, но поради подобрата кош-разлика во однос на Луксембург, обезбеди полуфинале на турнирот во Шолонк.

Пулените на Тони Симиќ го претрпеа првиот негативен резултат по победите над Луксембург и Романија, па сега ја чекаат разврската од дуелот Унгарија – Белорусија за да го дознаат противникот во полуфиналето.

Нашите кошаркари добро се држеа само во воведните 10 минути, по што се забележа пад во формата во вториот период, во кој Македонија реализира само 8 поени, а Швајцарците изградија солидна предност која им помогна рутински да ја завршат пресметката.

Дарио Митевски со 17 поени беше најефикасен играч на нашата селекција, а втор двоцифрен беше Димитровски со 15 поени. Мартина со дабл-дабл од 18 поени и 12 скока ги предводеше Швајцарците до победата.

- Оглас -

Најнови вести