Надежите со убедлив пораз од Украина ги завршија европските квалификации

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година загуби убедливи 4-0 од Украина во последното коло од квалификациите за младинското ЕП.

За нашите надежи ова беше петти пораз во 10 меча со кој остануваат на претпоследното петто место во групата Х со само 9 освоени бода.

Триумфот за Украина го обезбедија Вјуник и Судаков со головите во 69-тата и 71-та минута, односно Ванат со два погодоци во финишот го постави конечниот резултат.

- Оглас -

Најнови вести