Во најава е бокс-спектакл на векот во Британија, Џошуа против Фјури!

Ентони Џошуа против Тајсон Фјури! Каков боксерски спектакл би било тоа, особено за Британците, кои за првпат имаат двајца актуелни шампиони во тешка категорија.

Џошуа годинава мора да ги брани појасите во ИБФ и ВБО верзиите, но тој би ги одбил двете борби и би се откажал од титулите само да му биде договорен дуел со сонародникот Фјури.

„Сакам борба на Џошуа и Фјури, и Ентони ми кажа дека сака. Тој меч мора да се одржи годинава. Никогаш повеќе нема да имаме шанса да видиме двајца Британци да се борат за неоспорен првак во тешка категорија. Ветувам дека ќе се потрудам“, изјави промотерот Еди Херн на „Твитер“.

Џошуа во јуни треба да се бори со Кубрат Пуле,в кој е предизвикувач во ИБФ, па затоа Џошуа – Фјури не би било пред ноември или декември. Пулев и Фјури имаат ист промотер, па можно е да дојде до заобиколување на правилата и сепак наместо Бугаринот, предност да добие Кралот на циганите, кој викендов го разби Дионте Вајлдер.

Како што стојат работите, Џошуа нема да се бори со Украинецот Александер Усик во ВБО, па ќе остане без тој појас и ќе се фокусира на борба со Фјури.

 

- Оглас -

Најнови вести