Нагетси се мајстори за изнудување мајсторки (видео)

Денвер со неверојатен пресврт се избори за мајсторка против ЛА клиперс по победата од 111:98 во шестиот меч. Исто како во серијата против Јута џез, Нагетси надополнија 3-1 негатива во полуфиналната рунда против тимот од Ел-Еј, па противникот на Лејкерс во западното финале ќе се одлучува во мајсторка.

Клиперси тргнаа офанзивно уште на стартот и уште во првиот период имаа +11 поени предност, која во влезот од третата четвртина се накачи на +19. Тоа не ги натера кошаркарите на Денвер да се откажат, туку ја забрзаа својата игра и пред последните 12 минути намалија на минимални 77:79.

Рафалот на Денвер продолжи во одлучувачката делница, па во последните пет минути тимот на Мелоун влезе со двоцифрена предност и оствари целосен пресврт.

Јокиќ блескаше со дабл-дабл од 34 поени и 14 скока, додаде и 7 асистенции во статистиката. За Клиперс не беа доволни комбинираните 58 поени на Џорџ (33) и Ленард (25).

 

- Оглас -

Најнови вести