Наградата „Пушкаш“ може да заврши во Брест – Волеј во лет, за победа во 90+4 (видео)

Ирвин Кардона изведе бравура каква што ретко се гледа во драматичниот триумф на Брест од 2-0 против Дижон во мечот од третото коло во Лига 1. Резултатот беше 0-1 сè до истекот на четвртата и последна минута од судиското надополнување, а потоа Кардона со мајсторија на која може и Ибрахимовиќ да ѝ позавиди, ги освои трите бода за Брест.

Нафрлената топка на подалечниот дирек ја пречека во лет и реарираше феноменално со прецизниот волеј, па нема да биде изненадување ако Кардона конкурира за наградата „Пушкаш“ која се доделува за најубав подогок во годината.

- Оглас -

Најнови вести