Наинголан: Има фудбалери кои пијат повеќе од мене ама тоа го прават дома и се кријат

Раџа Наинголан е еден од најконтроверзните, но и најискрените фудбалери во светот.

Белгијанецот, кој своевремено настапуваше за Рома и Интер како и националниот тим, во моментов игра за белгискиот шампионат за екипата на Антверп.

Тој е познат по своите излегувања, како и пијанства, поради што беше избркан од селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.

„Знаете сè за мене бидејќи излегувам и ништо не кријам а ви велам дека има фудбалери кои што пијат многу повеќе од мене, но за нив не знаете бидејќи тоа го прават тајно.

Доколку некој остане до подоцнежните часови и се напије пијачка плус не направил ништо лошо, но има луѓе кои што уште живеат во минатиот век“ изјави Наинголан.

За Ројал Антверп тој сезонава има 21 настап и има постигнато два погодоци.

- Оглас -

Најнови вести