Наинголан: Повеќе би сакал една титула со друг клуб, отколку десет со Јувентус

Фудбалерот на Калјари, Раџа Наинголан, кој уште е член на Интер, добро ги познава состојбите во италијанскиот фудбал, и призна дека би му биде предизвик да освои Скудето со најтрофејниот тамошен клуб Јувентус.

„Од Интер си заминав по сопствена желба, но не сакав да ја сменам државата. Ништо не е сменето во моите односи со фановите на Интер, тие секогаш се блиску до мене. Тоа што се пишуваше дека сум создавал проблеми во соблекувалната, е целосна лага. Да, јас си имам свои бубачки во главата, но никогаш не сум создавал проблеми” – вели Наинголан.

Според Наинголан, добро е сезоната да биде доиграна, и не сакаше да прогнозира кој би ја освоил титулата.

„Јувентус секогаш успева да ја освои титулата. Лацио сезонава прави чудо. Луѓето мислат дека го мразам Јувентус, но тоа не е точно. Едноставно ме нервираат. Никогаш не сум сакал да одам во тој тим, и да освојам титула со само пет вистински мечеви во сезоната. Не бирам тимови кои секогаш победуваат. Да освојам една титула со Рома или било кој друг клуб, за мене е повредно отколку да освојам 10 титули со Јувентус. Затоа навивачите ме мразат” – додава популарниот Нинџа.

- Оглас -

Најнови вести