Најнголан: Во Рим поразот ви го памтат со месеци, а во Милано уште утредента шеташ опуштено

Белгискиот фудбалер Раџа Најнголан, кој е член на Антверпен, а има играно за Рома и Интер, направи споредба на навивачите во Рим и Милано.

Популарниот Нинџа имаше прилика да игра на градски дербија и во главниот град на Италија и во Градот на Модата, па вели дека фановите во Рим се многу поголеми фанатици.

„Во Рим со месеци ги паметат резултатите од дербија, додека во Милано губите градско дерби и веќе утредента шетате низ градот без притисок“, вели Најнголан.

- Оглас -

Најнови вести