Најатрактивниот гол во Европа викендов го даде фудбалерка на Бенфика (Видео)

Ако мислевте дека погодокот на Нејмар за победа над Лион е најубавиот кој падна викендов на Стариот Континент, се лажете.

Бразилската 21-годишна фудбалерка на Бенфика, Гејсе да Силва Переира, позната како Гејсе, а некои ја викаат и Претиња, на дуелот од португалската женска лига помеѓу Оваренсе и Бенфика постигна три гола во победата на лисабонските „орли“ од 3-0, од кои едниот мора да го видите.

Гејсе на маестрален начин се ослободи од излезената голманка на противничката екипа и потоа откако ја исконтролира топката, ја упати кон празниот гол, за што доби заслужени аплаузи.

- Оглас -

Најнови вести