Најава од ѕвездата на финалето во ЛШ: Ќе втрчувам на теренот сè додека не се збогатам

Кинси Волански е неочекувата ѕвезда за која сите зборуваат по финалето во Лигата на шампиони меѓу Ливерпул и Тотенхем. Ливерпул стана првак по победата од 2:0, но главна атракција на финалето во Мадрид беше атрактивната плавуша. Кинси втрча на терен во првото полувреме, а на костимот за капење што го носеше ја рекламираше Youtube страната на своето момче, познатата интернет-ѕвезда Витали Здороветски.

Од таа реклама, за помалку од 24 часа Витали заработи четири милиони евра. Сега Кинси вели дека таа сака да се збогати од втрчување на големи спортски настани. Атрактивната девојка која има 22 години, вели дека планира тоа да го прави сè додека не наполни 30 години, а потоа сака да ужива во заработените пари.

https://www.instagram.com/p/BwhxLBsFolZ/?utm_source=ig_web_copy_link

„До 30 години планирам да заработам доволно пари и да одам во пензија. Упадот на финалето во Лигата на шампионите ќе ми помогне многу во мојата мисија. Планирам уште многу други недозволени влегувања. Наеднаш станав многу славна. Почнаа да стигнуваа деловни понуди од сите страни. Мислам дека на сите им се допадна тоа што го направив. Дури и полицајците кои ме изнесуваа надвор од стадионот сакаа да се фотографираат со мене. Пресреќна сум. Ова беше најголемата авантура во мојот живот“, вели Кинси.

https://www.instagram.com/p/ByVpd0vpxDl/?utm_source=ig_web_copy_link

Само за 24 часа откако го прекина финалето во Мадрид, девојката доби нови два и пол милиони следбеници на Инстаграм.

Интересно е што таткото на Кинси е шериф во Лос Анџелес. Девојката вели дека не му кажала на таткото Даниел за својот подвиг, но тој не бил изненаден.

„Секако дека не знаеше што планирам да направам во Мадрид. Сепак, не беше многу изненаден. Знае каква сум. Му олесна тоа што имав костим за капење, а не бев целосно гола“ додава новата светска ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести