Најавени состави: Флик и Гарсија не отстапуваат од победничкиот рецепт

Вечерва ќе се знае противникот на Пари Сен Жермен во големото финале на Лигата на шампионите кое е закажано за 23 август. Дали ќе сведочиме на француско финале или пак Баварците ќе атакуваат на шеста европска титула, ќе дознаеме по 21 часот.

На стадионот „Жозе Алваладе“ во Лисабон се очекува за нијанса понеизвесна пресметка во однос на вчерашното полуфинале помеѓу ПСЖ и Лајпциг, кое заврши со убедливи 3-0 во корист на Светците.

Баерн Минхен по чудото против Барселона, дефинитивно е прв фаворит за освојување на титулата, но составот на Олимпик Лион воопшто не е наивен, со оглед на резултатите кои ги оствари во победите над Јувентус и Манчестер сити. Јасно е дека Лавовите ќе се обидат да пружат отпор и да се надигруваат со германскиот првак, па така ќе покажат дали имаат играчи за големи нешта.

Тренерите на двете екипи, Ханси Флик и Руди Гарсија, многу веројатно нема да менуваат ништо во тактиката, односно на терен ќе излезат со истите 11-мина играчи кои од првата минута настапија во победите на Барселона, односно Манчестер сити. Единствена измена во составот на Лион може да биде Дембеле на местото на Екамби, кој постигна два од трите гола против Граѓаните.

Најавени тимови:

Лион: Лопес, Денајер, Марсело, Маркал, Дубуа, Кокере, Бруно, Оуар, Корне, Депај, Дембеле.

Баерн: Нојер, Кимих, Боатенг, Алаба, Дејвис, Горецка, Тијаго, Перишиќ, Гнабри, Милер, Левандовски.

- Оглас -

Најнови вести