Најавени состави: Можеме до победа и без Трајковски и Елмас

Селекторот Благоја Милевски по поразот од Грузија најави дека за денешниот натпревар нема да смета на офанзивецот Александар Трајковски.

Под знак прашалник е и настапот на нашата прва ѕвезда Елиф Елмас, па во случај играчот за врска на Наполи да не е максимално подготвен, Милевски нема да ризикува и ќе го одмори.

Останува формацијата 4-4-2, а нема да биде изненадување доколку Серафимов добие шанса пред Велковски, односно Тодоровски пак да биде прв десен бек пред Ашковски.

Миовски како замена за херојот од Палермо, треба да му биде партнер на Ристовски во нападот.

Што се однесува до Гибралтар, гостите би требало со истиот состав како во мечот од минатата недела да истрчаат на теренот на арената „Тодор Проески“.

- Оглас -

Најнови вести