Најбесмислениот трансфер во 2020 година го направи Барселона, а тоа се докажа и вечерва

Иако е само неколку месеци во клубот, Луис Суарес брзо се претвори во лидер на Атлетико Мадрид. Уругвајскиот голгетер вечерва погоди против Хетафе, што беше доволно за Атлетико да ги освои трите бода и да обезбеди лидерско место на својот тим во пресрет на 2021 година.

https://youtu.be/SKcdd9x4u3k

За Суарес ова беше осми погодок во првите 11 натпревари во Примера за Атлетико Мадрид. Со овој скор, Уругваецот го стигна рекордот на Радамел Фалкао, кој во 2011 година имаше осум погодоци во стартните 11 средби за Јорганџиите.

Инаку, Суарес дојде во Атлетико откако буквално беше избркан од Барселона како непотребен.

 

- Оглас -

Најнови вести