Најбогатиот кинески клуб го носи Мурињо на Далечниот Исток

Најбогатиот кинески клуб, Гвангжу евергранде, наводно преговара со Жозе Мурињо да биде нивен иден тренер. Португалецот од декември минатата година е без ангажман, но има намера летово да се врати во светскиот фудбал. Иако се очекуваше да преземе некој европски гигант, се чини дека Мурињо се откажува од фудбалот на Стариот континент.

Наводно, Мурињо и газдата на Гвангжу, Хуи Ка Јан, биле навечера каде преговарале околу личните услови, така што овој сензационален потпис е блиску до реализација.

Сегашен тренер на кинескиот гигант е Фабио Канаваро, а откако минатата сезона ја загуби титулата во кинескиот шампионат, се чини дека е време за промена и на негово место се очекува да пристигне стратегот од светско реноме.

- Оглас -

Најнови вести