Најчудно интервју во Премиер лигата, херојот во малото лондонско дерби едвај кажа десет збора пред камерите (Видео)

Освен големото лондонско дерби меѓу Челзи и Арсенал, вчера во рамките на 15-тото коло во Премиер лигата се играше и малото градско дерби меѓу Вест хем и Кристал палас, кое беше решено со гол во 94-тта минута.

Кристал палас славеше со 1:2, а херој на Палас беше Мајкл Олис, за кого ова беше прв гол сезонава во Премиер лигата.

Очекувано, по натпреварот токму Олис беше на цел на медиумите, а фудбалерот со својот настап пред камерата предизвика голем број реакции. Тоа не беа негативни реакции, туку Олис имаше невообичаено интервју во кое кажа само неколку збора.

На стартот, новинарот го праша дали може да опише што се случи при постигнувањето на победничкиот гол.

„Вилфрид Заха ми ја додаде топката, јас шутнав и дадов гол“.

На прашањето како се чувствувал кога топката влезе во мрежата, Олис одговори:
„Тоа беше добро чувство“.

Потоа играчот беше запрашан дали Кристал палас заслужи да победи и одговорот беше краток:
„Да“, одговори Олис.

- Оглас -

Најнови вести