30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Најдебелиот ракометар на светот одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Ракометарот од ДР Конго, Готје Мвумби, стана најголема ѕвезда на ракометното Светско првенство, најмногу поради неговиот изглед и прекумерната тежина, а покажа и дека не е толку лош играч на пикерската позиција, против Данска даде четири гола, па се претпоставуваше дека од француската четврта лига, ќе се пресели во многу поголем клуб.

Но, Мвумби одлучли да ја прифати поканата од ракометниот клуб Детроит, и да помогне во развојот на ракометот во САД. Ракометот не е популарен во Северна Америка, но кога ќе дознаат дека кај нив игра спортист кој го нарекуваат „ракометен Шекил“, можеби и ќе ги заинтригира.

- Оглас -

Најнови вести