Најдена замена за Шарапова и Курњикова: Русија има нова тениска убавица (Фото)

Анастасија Потапова е тенисерка за која Русија очекува да биде наследничка на Марија Шарапова и Ана Курњикова. Шарапова и Курњикова беа руските тениски икони како по убавина, но и по успех на теренот. Сега во најава е дека Потапова треба да блесе на сцената.

Потапова има само 18 години, а е поранешна јуниорска шампионка на Вимблдон до 16 години. Во 2017 година таа дури дебитираше и на Вилмблдон, а потоа настапи и на останатите Гренд слем турнири. Со добрите резултати успеа да се избори за место во Топ 100 на ВТА листата, а моментално е на 90-тото место.

Русинката ќе настапи и на Австралија опен, а во првото коло немаше многу среќа, па ја доби поранешната американска освојувачка Серена Вилијамс. Иако ждрепката не и беше наклонета, ова е можност за Потапова да го покаже целиот свој талент и токму против една од најдобрите на сите времиња.

https://www.instagram.com/p/B3-FZZ3DFLl/?utm_source=ig_web_copy_link

 

 

- Оглас -

Најнови вести