Најдобрата тетоважа што ќе ја видите – Кјелини го „уапси“ Сака, има место и за пехарот (Фото)

Симпатизер на италијанската репрезентација на одличен начин со прекрасна тетоважа го одбележи еден од највпечатливите моменти во финалето на Европското првенство.

На рамото го истетовира еден од најзначајните моменти на дуелот за титулата меѓу Италија и Англија, односно дуелот меѓу Џорџо Кјелини и Букајо Сака. Место на одличната тетоважа има и за пехарот што го освои Италија.

Стоперот на Италија киксираше, па потоа направи фаул, влечејќи го за дрес Сака. Англичаните бараа казна за стоперот на Италија, па дури и исклучување за Кјелини.

Тој момент беше еден од највпечатливите на шампионатот и најкоментирани на социјалните мрежи  во текот на Европското првенство.

Italian fan tattooed Italy’s win over England on his arm from soccer

Италија ја освои европската круна со победа на пенали, а токму Сака беше трагичарот на финалето со промашен клучен удар од белата точка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести