Најдобриот австралиски фудбалер замина во пензија

Легендарниот Тим Кејхил одлучи да стави крај на својата играчка кариера. Најдобриот австралиски фудбалер во историјата има 39 години и смета дека сега е вистинско време да каже доста е.

Поранешниот играч на Евертон (таму беше од 2004 до 2012 година и на 278 меча даде 68 гола) планира да ѝ се посвети на тренерската работа, откако му истече договорот со индискиот клуб Јамшедпур.

„Стар сум за играње фудбал, иако би сакал да продолжам. Сепак имам 39 години и сакам да одморам заедно со семејството. Имав одлична кариера, бев на четири континенти и благодарен сум за тоа. Сега размислува за тренерска работа, ќе имам време да научам нешто повеќе за фудбалската игра“, рече Кејхил, кој играше за Њујорк Ред бул, Шангај Шенхуа, Ханџу, Мелбурн, Милвол и Евертон, а со 50 гола е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Австралија за која одигра 108 средби.

- Оглас -

Најнови вести