„Најдобриот боксер на сите времиња“ ќе инвестира во Будва

Непоразениот боксер Флојд Мејведер по престојот во соседна Црна Гора, и тоа во Будва, за медиумите од оваа земја изјави дека планира да инвестира во Будва. Мејведер планира да вложи пари во хотелскиот и туристичкиот бизнис, како и во бизнисот со недвижници во Будва.

„Моите пријатели тука доаѓаат неколку години и на нивна покана дојдов и јас за да вложам пари во Будва. Моменто работиме на разни проекти бидејќи Црна Гора е неверојатна“, изјави Мејведер за „Вијести“.

Флојд Мејведер е еден од најдобрите боксери на сите времиња, а тој себеси се нарекува „најдобриот во историјата“ бидејќи од 1996 до 2017 година оствари 50 победи од исто толку мечеви. Беше шампион во неколку категории, од супер перолесна до полусредна категорија.

Неговиот прекар е „Пари“ (Money) и неговото богатство се проценува на повеќе од 500 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести