Најдобриот го чуваат со нов договор вреден 184 милиони долари

Мајами хит одлучи да го задржи Џими Батлер и му понуди нов четиригодишен договор вреден неверојатни 184 милиони долари, велат доброупатени извори во САД. Тоа би значело дека Батлер годишно би заработувал по 37,6 милиони долари по сезона.

Батлер прв пат дојде во Мајами пред две години кога беше дел од трампата со Филаделфија. Минатата сезона ја заврши со просек од 21,5 поени, 7,1 асистенции и 6,9 скока по меч, во 52 одиграни дуели. Имаше и просек од 2,8 украдени топки.

Искусниот Батлер во десетгодишната НБА кариера има играно и за Чикаго, Минесота и Филаделфија, а просекот му е 17,4 поени, 5,4 скока и четири асистенции по меч.

- Оглас -

Најнови вести