Најдобриот квотербек во историјата на НФЛ купи акции во англиски второлигаш

Најдобриот квотербек и еден од најдобрите играчи на сите времиња во НЛФ-лигата, Том Брејди (46), стана малцински сопственик на англискиот второлигаш Бирмингам.

Брејди, кој на крајот од минатата сезона се пензионира и кој има седум титули во НФЛ-лигата, со купувањето на акции во Бирмингам, освен што стана дел од сопственичката структура на тимот, доби и функција – претседател на советодавниот одбор.

Минатиот месец американскиот инвестициски фонд „Најтхед капитал менаџмент“, предводен од Том Вагнер, го купи Бирмингам и најави консолидирање на тимот на финансиски план, како и враќање во Премиер лигата.

Бирмингам последен пат играше во Премиер лигата во сезоната 2010/11, кога и триумфира во Лига купот.

- Оглас -

Најнови вести