Најдобриот млад играч на Палермо си има идол: Ги „крадам“ потезите на Несторовски

Кевин Канаво е најдобриот млад играч и стрелец на Палермо, има 18 години и си има идол во сениорскиот состав. Играта на капитенот Илија Несторовски не го остава рамнодушен топчијата од младинскиот тим на „розевите“ од Сицилија.

„Со Антонио Ла Гумина игравме заедно и многу го ценам, но за мене се знае кој е играчот број 1 во сениорскиот состав. Се обидувам да ги украдам потезите на Илија Несторовски. Неговото движење во шеснаесетникот и инстинктот за гол се неверојатни. Имам од кого да учам и се радувам на секој меч на Палермо кога игра капитенот“, вели Канаво.

Со 13 голови на 23 меча лани, Кевин беше најзаслужен за промоцијата на јуниорскиот состав на Палермо во Примавера 1, која е најсилна лига во Италија за играчи до 19 години.

- Оглас -

Најнови вести