Најдобриот на сите времиња со уште еден спектакуларен резултат

Лаша Талахадзе стана олимписки првак во категоријата плус 109 килограми, а со едно кревање, Грузиецот успеа да сруши дури три светски рекорди.

Најдобриот кревач на товар во историјата на овој спорт сега ги држи светските рекорди во трзај со 223 килограми, во исфрлање со 265 килограми, што се вкупно 488 килограми.

Среброто на олимписките игри замина кај азискиот првак Али Давоуди со вкупно подигнати 441 килограми (200 кг во трзај и 241 кг во исфрлање), додека бронзата замина кај Ман Асад од Сирија со вкупно подигнати 424 килограми.

- Оглас -

Најнови вести