Најдобриот пеналџија во Премиер лигата најави убави нешта за Јунајтед во 2021 година (видео)

Манчестер јунајтед тргна со победа во 2021 година, по конечните 2-1 против Астон вила на домашен терен во мечот од 17-тото коло. Црвените ѓаволи во Новата година влегуваат како заеднички лидери со Ливерпул во Премиер лигата, со оглед на тоа дека со освоените три бода вечерва се израмнија со Црвените со по 33 бода  на табелата.

Бруно Фернандеш, најдобриот пеналџија во Премиер лигата во изминативе 12 месеци, го постигна деветтиот погодок од белата точка во првенството, што беше доволно за тимот на Оле Гунар Солскјер да го запише 10-тиот триумф.

https://www.dailymotion.com/video/x7yfflc

Средбата на „Олд трафорд“ ја отвори Ентони Марсијал во 40-тата минутано Астон вила успеа да се врати во игра преку Траоре во 58-та минута. Давид Де Хеа имаше фанстастична вечер со неколку круцијални интервенции, па чудата што ги правеше Шпанецот пред својот гол ги мотивираше домаќините да атакуваат на трите бода.

- Оглас -

Најнови вести