Најдобриот потег во кариерата на моментно најдобриот снукер играч (Видео)

Моментно најдобриот снукер играч во светот Џад Трамп одигра фантастично на Германскиот мастерс, а потегот што го имаше во полуфиналето против Бари Хоукинс е за восхит. Трамп губеше со 5:1 во фремови, но со неверојатна игра успеа да направи пресврт и на крајот победи со 6:5 и се пласира во финалето.

За тоа во колку добра серија влезе Трамп во полуфиналето, покажа и потегот кој, според многумина, е најдобар во неговата кариера. Од тешка позиција успеа да ја погоди зелената топка, а потоа белата топка нагло сопре поради големиот спин и се намести точно за нов погодок.

Хоукинс кога го виде ова, остана во неверување и само се насмевна за тоа што го виде. Трамп не само што се пласираше во финалето, туку на крајот и без поголеми проблеми со убедливи 9:2 против Џек Лисовски се израдува на освојување на Мастерсот.

https://youtu.be/IwM1mdPgp-w

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести