Најдобриот шести играч во НБА ги брои парите, доби нов богат договор (ВИДЕО)

Кошаркарот на Мајами хит, Тајлер Хиро, потпиша четиригодишен договор со „жешките“ тежок 130 милиони долари.

Хиро минатата сезона просечно постигнуваше 20,7 поени по натпревар и беше прогласен за најдобар шести играч во регуларниот дел од сезоната, а со Мајами хит дојде до финалето на Источната конференција, каде што беше елиминиран од Бостон со 4-3 во победи.

Хиро во НБА-лигата влезе како 13-ти избор на драфтот во 2013 година и во првата сезона со Мајами играше во финалето, каде што загубија од ЛА лејкерс.
Тајлер Хиро тогаш постави нов рекорд во НБА-лигата, со 20 години и 256 дена стана најмлад стартер во финална серија, соборувајќи го рекордот на легендарниот Меџик Џонсон.

Хиро потпишувањето на новиот договор, со кој загарантирани му се 120 милиони долари, го прослави со објава на интересен клип на неговиот твитер-профил.

Тој објави видеоклип од Душко Долгоушко како брои пари.

- Оглас -

Најнови вести