Најдобриот скокач од турскиот шампионат го засили Будуќност

Кошаркарскиот клуб Будуќност за преостанатиот дел од сезоната ќе биде посилен за Девин Вилијамс. Американскиот центар пристигна од редовите на Бујукчекмече со реноме на најдобар скокач во турското првенство.

За Вилијамс ова ќе биде втор европски клуб, а претходно настапуваше во Порторико и Австралија. Центарот висок 206 сантиметри има 24 години и доаѓа со импресивни бројки од турскиот шампионат. Таму беше најдобар скокач со просек од 11,9 скока по меч, додека се истакна како четврт најдобар стрелец со 17,7 поени по натпревар, а запиша и учество на турскиот Олстар сезонава.

 

- Оглас -

Најнови вести