Најдобриот стрелец во Бундеслигата за минатата сезона е нов репрезентативец на Македонија!

Бекот на германскиот тим Телеком Бон, Ти Џеј Шортс, е нов репрезентативец на Македонија. Шортс се најде на листата од 14-мина кошаркари на кои смета селекторот Александар Јончевски за ноемвриските дуели со Норвешка и Данска во Гевгелија од претквалификациите за ЕП 2025.

Поради клупски обврски, во овој ноемвриски циклус ќе ги нема Ненад Димитријевиќ и Андреј Јакимовски.

Освен Шортс, во составот се и Бобан Стајиќ (Пелистер), Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром), Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром), Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром), Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Виктор Ефремовски (Гостивар), Андреј Маслинко (Гостивар), Страхил Николов (ТФТ), Амар Хот (Феникс 2010), Кристијан Николов (Коњаспор-Турција), Стојан Ѓуроски (Оуренсе – Шпанија) и Теодор Симиќ (Борац Бања Лука-БиХ).

Инаку, новото име во македонската селекција, Шортс, беше прв стрелец во германската Бундеслига во минатата сезона, а оваа сезона засега има просек од 17 поени и 7 асистенции по меч. Погодува одлични 53 отсто од шутевите за три поени, а има 25 години и висок е само 175 сантиметри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести