Најдобриот стрелец во Серија А се сели на Островот?

Чиро Имобиле е еден од фудбалерите кои ја направија сезоната (пред да се прекине) во Серија А повозбудлива од вообичаеното. Голгетерот на Лацио дефинитивно е најзаслужен што небесносините се во трка за шампионската титула со Јувентус, откако на 26 меча постигна 27 гола и е прв стрелец во Калчото.

Меѓутоа, на неговата авантура во Вечниот град може да му дојде крајот доколку ја прифати понудата и се пресели на Островот. Наводно, Карло Анчелоти има желба да го види Имобиле во редовите на Евертон, па така италијанската врска да биде комбинација која ќе носи успеси на „Гудисон парк“.

Секако дека Лацијалите со сите сили ќе се обидат да го задржат нивниот најдобар играч, но воедно треба да се види каква понуда ќе достави Евертон до таборот на римскиот клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести