Најдобриот тим во Европа брои дури четворица Италијанци, а шестмина играат во Англија

Меѓународната фудбалска федерација за историја и статистика (ИФФХС) го состави најдобриот тим од европски фудбалер за 2021 година.

Шест фудбалери се дел од англиската Премиер лига, а Италија со четврица репрезентативци е лидер во таа категорија. Во формацијата 4-3-3, најмногу играчи има од актуелниот европски првак Челзи, со три фудбалери, а очекувано за тренер на годината е избран Томас Тухел.

Во стартните 11 од најдобриот тим нема место Ерлинг Халанд кој е резерва исто како и Бруно Фернандеш и Томас Лимер.

Идеалниот тим за 2021 година составен од европски фудбалери според ИФФХС е (формација 4-3-3): Џанлуиџи Донарума – голман; Џорџо Кјелини, Рубен Диаш, Леонардо Бонучи, Сезар Аспиликуета – одбрана; Н’Голо Канте, Кевин де Брујн, Жоржињо – среден ред; Килијан Мбапе, Кристијано Роналдо, Роберт Левандовски – напад.

- Оглас -

Најнови вести