Најдобриот тим во НБА гостува кај најслабиот, а тоа не е најчистиот „фикс“ за вечерва

Доцна вечерва во кошаркарската НБА-лига ќе се одиграат дури 12 натпревари, понудата за обложување е пребогата. Ќе се играат неколку интересни мечеви, а според квотите, најголеми фаворити се Њујорк против Портланд и Сан Антонио против Оклахома сити.

Веднаш зад нив, како најмала квота е двојката на Феникс санс против Хјустон рокитс, а ова е дуел на најдобриот и најлошиот тим во досегашниот тек од сезоната. Сонцата се огромни фаворити и прашање е дали ќе бидат доволно мотивирани против тим кој е многу послаб од нив.

Едно од дербијата е Бруклин – Далас. Лука Дончиќ и другарите ќе се обидат да победат против разиграниот Нетс, квотата за тоа е одлична, а добра вест за Маверикс е што за Мрежичките нема да игра Кајри Ирвинг, кој синоќа против Орландо уфрли дури 60 поени. Ирвинг не е вакциниран против Ковид-19 и нема право да игра на домашните мечеви на Бруклин.

- Оглас -

Најнови вести