Најдоброто од Македонија ќе биде дел од финалето на ЛШ

Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја дели правдата во финалето на Лигата на шампионите во ракомет меѓу Барселона и Алборг. Вечерва, од 18 часот, и Македонија ќе има свои претставници во најважниот меч од сезоната што ќе се игра во „Ланксес арена“ во Келн.

Меѓу најдоброто од Македонија секако е и селекторот на националниот тим и тренер на Алкалоид, Кирил Лазаров, кој како еден од најдобрите ракометари во историјата доби специјална покана од ЕХФ да биде гостин на завршниот Ф4 турнир.

Судиите Начевски и Николов мораат да бидат непристрасни, а Кире Лазаров сигурно ќе има симпатии за својот поранешен клуб Барселона во финалната пресметка против Алборг.

За данскиот тим настапува легендарниот Микел Хансен, кој ќе ја има веројатно последната можност да стигне до најпосакуваниот европски пехар.

Барселона важи за голем фаворит според коефициентите на обложувалниците. Во Sport Life можете да се обложите на многу игри за ракометното финале, како за тимските постигнувања на Барса и на Алборг, така и на индивидуалниот ефект на ракометарите.

- Оглас -

Најнови вести