Белерин им е акционер, а тие се големи иноватори – Најеколошкиот тим на светот отпатува на фудбалка журка на уникатен начин (Фото)

Форест грин ќе биде првиот фудбалски тим на светот што ќе користи електричен авотбус на патување на меч во Англија, а денеска во Бристол ќе имаат и славеничка журка со промоција во нов член на Лига 1 во Англија.

Лидерот во Лига 2 ќе игра со Бристол роверс, а дури и со пораз ќе се пресели во повисок ранг на натпревари.

Втор најголем акционер во клубот е познатиот фудбалер Хектор Белерин, кој сега е член на Бетис и вечерва може двојно да слави, ако клубот од Севилја ја победи Валенсија во финалето на шпанскиот куп од 22 часот и за промоцијата на Форест грин во Лига 1 во Англија.

Форест грин е вистински иноватор во светот на фудбалот и од УЕФА е прогласен за најеколошки тим во Европа.

Стадионот „Њу Лоун“ им е изграден од еколошки материјали и изгледа прекрасно, а во 2015 година Форест грин стана првиот клуб Веган во историјата на фудбалската игра.

Сега имаат нова иновација и веќе отпатуваа за Бристол со електричен автобус исто така како пионери во светот на фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести