Најголемата грешка на Реал – Тибо Куртоа

Се бара виновникот за првиот пораз на Реал во Ла Лига, навивачите со прст покажаа кон Тибо Куртоа. Кризата за белгискиот голман продолжува и се чини дека Кралевите направија огромна грешка што го пуштија Кејлор Навас во ПСЖ, а го задржаа чуварот на мрежата кој го купија лани од редовите на Челзи.

Куртоа не е ниту половично добар како што беше во дресот на Атлетико и Челзи, потврдува статистиката. Неверојатно е како прогласениот најдобар голман за 2018 година има повеќе примени погодоци отколку одбрани оваа сезона, капитулираше во 12 наврати, а има само 11 одбрани. Не личи на голман кој треба да ја чува мрежата на клуб каков што е Реал.

Од него се очекува да одговори на минималниот предизвик кој го има, но Куртоа не може ниту тоа да го оствари. Имено, против Мајорка прими гол од само еден удар во рамките на домаќините. Уште една статистика вели дека Куртоа прими девет гола од последните 14 шута упатени кон него со кои се соочил во сите натпреварувања.

Колку всушност е ранлив, потврдува целокупниот податок откако се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Во вкупно 60 настапи, Куртоа прими 84 гола, што е недозволиво за голман кој се смета за светска класа.

- Оглас -

Најнови вести