Најголемата неправда во историјата на Олстарот: Лука Дончиќ не го одбраа ниту меѓу резервите

Лука Дончиќ е дебитантот кој сезонава ја размрда НБА-лигата. Тинејџерската сензација во досегашниот дел од сезоната надмина неколку рекорди во Лигата поставени од играчи кои биле дебитанти, но и од кошаркари кои блескале на негова возраст.

Благодарение на одличните игри, Дончиќ стана еден од омилените играчи кај навивачите. Дека е тоа така, се покажа и во гласањето за играчи кои треба да настапат на Олстар-мечот во Шарлот на 17-ти февруари. Словенецот доби над четири милиони гласови од навивачите и единствено повеќе гласови на Западот собра Леброн Џејмс.

Сепак, гласовите од навивачите само 50 отсто одредуваат за тоа кои ќе бидат стартери. Останатите 50 отсто се од бодовите на играчите и тренерите. Во тоа гласање Дончиќ беше дури на седмата позиција.

По ваквиот расплет при изборот на стартните петорки, сите веруваа дека Дончиќ сепак ќе биде меѓу седумте играчи кои ќе бидат резерви на Олстар-мечот. Сепак, тренерите не мислеа така. Лука не е ниту меѓу кошаркарите кои се избрани да бидат резерви, па Словенецот дефинитивно ќе го пропушти Олстар-натпреварот, иако за него гласаа над четири милиони навивачи.

Ова се играчите кои ќе бидат резерви на Олстар-мечот:

Во стартните постави ќе бидат:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести